Полицијата спречи обид за самоубиство во Охрид
Четворица службеници од СВР – Охрид денеска спречија жена да скокне од петти кат на зграда на булеварот „Туристичка“.
Како што соопшти СВР – Охрид, четворица полицајци интервенирале по дојава на жител на Охрид, кој го пријавил случајот на полицијата како обид за самоубиство. Акцијата за спасување на жената траелa речиси цел час, во зграда во изградба на пресекот на „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“. Претходно било извршено обезбедување на подрачјето околу зградата и преземени мерки за спречување на лицето во обидот за самоубиство.
Прво двајца од полицајците иницирале разговор со лицето, а истовремено другите двајца внимателно се приближиле до жената и во соодветен момент реагирале и ја одвлекле жената од неоградената тераса.
Станува збор за жена на возраст од 41 година, која безбедно била спуштена на приземјето и предадена на екипа на Службата за Итната медицинска помош од Охрид.
За акцијата претходно бил известен јавниот обвинител кој бил запознат со намерите на полициските службеници како и со исходот од преземените мерки
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи