Македонија
6. February 2021 - 16:12

Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана

На 06.02.2021 околу 08.30 часот  во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот Б.С., кај кого при извршен претрес била пронајдена марихуана. Тој е задржан во ПС Тетово за документирање на случајот и ќе му биде изготвена кривична пријава.

На 05.02.2021 година, при претрес во домот на Н.И.(37) од Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.