Македонија
23. April 2023 - 10:42

Полицијата вчера казни над 120 возачи во Скопје - повеќето од нив возеле пребрзо

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за користење мобилен телефон при возење...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.