-->
-->
Полицијата вчера во Скопје казни 215 возачи - поголемиот дел од нив возеле пребрзо
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија
-

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху
-

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство
