Полицијата влезе во домот на Артан Груби

Утрово се извршени повеќе претреси на различни локации поради сомнеж за организиран криминал во Државна Лотарија. Претресен бил и домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но тој не бил пронајден.
Се трага и по екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.
При извршените претреси, неофицијално пронајдена е поголема сума на пари.
По медиумските објави дека човекот кој минатиот понеделник се разбуди на црната листа на САД за случај со значителна корупција и директна вмешаност во судски скандал со мито и корупција е во бегство и на Косово, лично Груби пиша и потврди на Фејбук дека е на Косово во наводна приватна посета, демантирајќи дека избегал.
- Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство, напиша Груби.
Сепак, останува неизвесно дали навистина ќе биде така.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
