-->
-->
Полицијата во Истанбул уапси седум членови на екстремистичката ДХКП-С
-->

Турската полиција денеска уапси седум осомничени членови на левичарската екстремистичка Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), кои наводно планирале напади во Истанбул.
Полициски екипи за борба против тероризмот денеска презедоа истовремени акции во осум окрузи во Истанбул, соопштија турските безбедносни сили.
При акцијата полицијата запленила два пиштоли, автоматско оружје, голем број касети, документи на ДХКП-С и дигитални материјали.
Марксистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување е на листата на терористички групи на Турција и САД. Таа стои зад голем број напади на владини објекти во последните години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
