Свет
1. October 2017 - 9:52

Полицијата во Каталонија почна со запленување на материјал за гласање

Шпанската полиција почна со запленување гласачки кутии и изборни ливчиња за референдумот за независност на Каталонија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Шпанија. Тоа се случува во момент кога почна гласањето на ферендумот.

Специјалци од шпанската полиција се судрија со гласачи на неколку места во Барселона.

Демонстранти низ улиците на тој каталонски град извикуваат „ние сме луѓе на мирот“ и  „не се плашиме“. На голем број места во градот се забележливи амбулантни возила.