Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника

За време на вчерашниот протест во Софија, од страна на Софиската дирекција на внатрешни работи (СДВР) приведени се 57 лица со мерка задржување до 24 часа. Дополнително, покрената е истрага за дрога, а идентификувани се и 22 постари малолетници (до 18 години) и две малолетни лица (до 14 години), соопшти директорот на СДВР, главниот комесар Љубомир Николов.
Од приведените лица, 24 се веќе регистрирани за различни кривични дела како што се хулиганство, поседување наркотици, нанесување телесни повреди, грабежи и кражби, пренесува БТА.
Полицијата, исто така, идентификувала 22 млади лица со неполни 18 години и двајца малолетници (до 14 години), кои се предадени на своите родители. Дел од нив, исто така, имаат досиеја за кривични дела – кражби, грабежи и хулиганство, додаде Николов.
Тој појасни дека пред почетокот на протестот, околу 40 лица биле изолирани, а кај нив се пронајдени забранети предмети како ножеви, т.н. „боксирачи“, маски и пиротехнички средства. Кај две лица се откриени и поголеми суми пари – 10.000 лева (околу 5.100 евра) и 1.500 евра.
Во Првото регионално полициско одделение е поведена брза постапка за поседување наркотици, откако мобилна полициска единица во реонот на протестот запрела и привела 18-годишно момче кај кое била пронајдена марихуана. Тој е задржан 24 часа.
На вчерашниот брифинг, главниот комесар Николов истакна дека полицијата ја контролирала ситуацијата со околу 50-60 лица кои биле агресивни во близина на улицата „Врабча“. Тој потврди дека имало еден запален контејнер, но прецизираше дека тоа не било дел од протестот.
„Идентификуван е поголемиот дел од групата. Нивниот профил е на навивачки групи и таканаречените локалци (улични групи)“, посочи Николов. Приведени лица имало и кај седиштето на Движењето за права и слободи (ДПС), која се наоѓа на улицата „Врабча“.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
