Балкан
9. May 2016 - 10:27

Полицијата знае кој ја уби Јелена: Вучиќ откри до каде е истрагата

Претседателот на српската влада Александар Вучиќ рече дека полицијата знае која ја уби пејачката Јелена Марјановиќ на 2. април на насипот во Црвенка, но дека се уште нема докази за да го уапси и обвини убиецот.

-Мислам дека полицијата знае се, но се уште бара материјални докази, рече Вучиќ на прашањето зошто Србија не повеќе од месец дена не дозна кој е убиецот на Јелена.

Foto: Marko Todorović

Премиерот Вучиќ истакна дека се надева дека убиството на Јелена Марјановиќ наскоро ќе биде разрешено и дека злосторникот нема да се извлече неказнето.

-Што се однесува до истрагата, полицијата недвосмислено знае кој е вмешан, но тие сознанија за обвинителството не се доволни, откри Вучиќ.

Foto: Facebook/Jelena Jeca Krsmanovic, Marko Todorović

Криминологот Златко Николиќ вели за Информер дека премиерот не зборува напамет.

-Премиерот сигурно ништо не зборува напамет. Информациите со кои тој располага се проверени и точни, вели тој.