Македонија
24. August 2024 - 16:32

Полициска акција во тетовско Гајре: Специјалците застрелаа осомничен за убиство, кој им подлегнал на повредите

Во полициска акција во тетовско Гајре, вчеравечер е застрелан осомничен за убиство баран по потерница  и бегалец од прихијатрија во„Бардовци“.  Oткако бил застелан, им подлегнал на повредите. Станува збор за лице за кое полицијата се сомнева дека е виновен за убиството кое се случи на 5 јули во Тетово, кога беше убиен 40 годишен маж додека седел во својот автомобил.

Акцијата се одвивала вчера во вечерните часови.  Специјалците околу 22 часот добиле дојава дека осомничениот за убиство баран по потерница, се наоѓа во селото Гајре. Па така, додека вршеле претрес во три семејни куќи, во една од нив го пронашле осомничениот за убиството од 5. јули. Тој бил вооружен со автоматска пушка, и наместо да постапи по дадените наредби на службите, ја репетирал и ја вперил кон специјалците. Во моментот кога пружил отпор, службите го застрелале..

Откако 41-годишниот маж бил неутрализиран од страна на службите, специјалците викнале брза помош, а лекар оттаму констатирал смрт кај застреланиот.

Увид на местото на настанот извршле полициските екипи, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. 

Полицијата застреланиот осомничен го поврзува со убиството во Тетово кое се случи на 5 јули. Тогаш 39 годишен маж, во вечерните часови беше убиен во својот автомобил. Кон него било пукано од друг автомобил во движење. Веднаш по убиството обвинителството нареди претреси токму во селото Гајре. Неофоцијално, оваа престрелка се класифицираше како на огнена пресметката меѓу две семејства која пред повеќе месеци започна по едно судско рочиште, а кулминираше кај тетовската болница .