Полициска акција во Тетовско, приведени шест лица во одвоени случаи
Шест лица се приведени во одвоени случаи при акциска контрола спроведена ноќеска од 22.50 часот до 01.00 часот во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделението за прекуграничен криминал и миграции во содејство со Трудов инспекторат.
– Во 00.30 часот во угостителски објект во с.Горно Седларце, тетовско, биле приведени А.К.(34) и Е.К.(37), двајцата од Република Албанија, поради илегален престој во Република Македонија и неносење на дозвола за престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.
Во 01.50 часот, пак, во угостителски објект во тетовско Жеровјане, од слобода биле лишени четири странски државјанки – К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) од Република Србија, А.Х.(24) од Русија и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.
Во соопштението се наведува дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата Стефановски, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
19-годишник кој превезувал мигранти бегајќи од полиција удрил во работна машина на пат
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка