-->
-->
Полициска униформa наместо облека на Супермен - чудотворно го спаси возачот
-->

Британскиот полицаец Мартин Вилис спасил возач на комбе, држејќи го возилото на работ од мостот и не дозволувајќи да падне.
Комбето излетало до патот во англискиот Јоркшир, се превртело и висело на работ.
Возачот не можел да излезе од кабината, па затоа бил принуден да седи во возилото во очекување на помош.
Првиот што дошол на местото на настанот бил полицискиот службеник Мартин Вилис, кој го фатил комбето и го држел да не падне.
За голема радост и олеснување, наскоро пристигнале и пожарникарите кои го спасиле возачот.
Колегите не пропуштиле да го искажат воодушевувањето за херојското дело на полицаецот во Јоркшир.
- Јас едноставно не гледам наметка на Супермен на фотографијава, веројатно одлетал додека Мартин Вилис го држел комбето, - му напишал на Твитер еден од колегите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
