Македонија
2. March 2024 - 18:45

Полициски хеликоптер пренесе повредено лице од Шар Планина до Клинички | ФОТО+ВИДЕО

Денеска (02.03.2024) по добиено барање од Центарот за управување со кризи, хеликоптер Ми 171 на Хеликоптерската единица за полициски намери при одделот за воздухопловни единици на МВР, пренесе повредено лице од месноста „Орлов Камен“ на Шар Планина до Клинички центар каде е предадено на медицински лица за укажување на помош.

Лицето во стабилна здравствена состојба е предадено на болничкиот персонал, соопшти МВР.