Македонија
9. February 2025 - 16:48

Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош

Засилените полициски контроли деновиве придонесоа за намалување на бројот на интервенции на сообраќајќи од страна скопската Брза помош. Од службата информираат дека за разлика од претходно кога често наидувале на животозагрозувачки ситуации или смртни случаи, периодов најчесто се работело за полесни повреди во сообраќајните несреќи.

- Во изминатите денови, ако имавме во просек по 7,8,9 сообраќајќи сега тој број е значително намален имаме по 3, а има и денови без сообраќани нресреќи, така е и денес до овој момент, што е добро, изјави Д-р Моника Колароска, од Службата за Брза помош – Скопје.

Но, од друга страна поради незнаење или намерно голем број на возачи не ги почитуваат сообраќајните знаци. Еден од примерите е возење по обратна страна на едносмерна улица, поради што многу често се случуваат сообраќајќи. Камерата на Сител регистрираше голем број на вакви прекршоци кај Градскиот стадион каде околу пладне имаше голема фреквенција и на луѓе и на автомобили бидејќи времето беше убаво.