Политичката стабилност клучна за австриските инвеститори

Квалитетот на локалните добавувачи и на работната сила, како и достапноста на човечките ресурси, се стопанските фактори на македонскиот пазар кои добиле највисоки оценки од австриските бизнисмени во денеска презентираните резултати од третото истражување за бизнис климата во Македонија на Трговското одделение при Австриската амбасада во земјава.
Истражувањето е спроведено во последните два месеца од минатата година со менаџери на австриски компании во Македонија, како и македонски компании кои соработуваат со нив.
Три најважни услови за водење бизнис за австриските бизнисмени, според заклучоците од истражувањето, се борбата против корупцијата, платежниот морал и ЕУ интеграциите. - На прашањето кои се очекувањата и желбите на австриските компании од македонската Влада како најважни одговори беа дадени политичката стабилност, борбата против корупцијата и правната сигурност. Ова е многу важно бидејќи првпат австриските компании во Македонија сметаат дека политичката стабилност е апсолутно на прво место, рече Герхард Шлатл, трговско аташе на Австрија во Македонија.
Штефан Петер, извршен директор на ЕВН Македонија и член на Советот на странски инвеститори, потенцира дека трите фактори кои се сметаат за најважни од австриските бизнисмени истовремено имаат најнизот рејтинг и оти тоа се прашања на кои работат сите.
- Моето гледиште е дека има подобрување во сите три точки, дали подобрувањето е доволно брзо е друго прашање, но за се е потребно време. Се додека не се појави застој и постои подобрување мислам дека државата е на добар пат, рече Петер.
Според него, квалитетот на добавувачите, на работната сила и достапноста на човечките ресурси покажуваат дека има многу квалитетна работна сила, што, како што рече, дава придонес, компензира и ја подобрува бизнис климата во Македонија.
Во заклучоците од истражувањето е наведено дека речиси половина од австриските компании ја оценуваат актуелната економска состојба во Македонија како незадоволителна, а најголем дел од нив очекуваат слична ситуација и во 2016. За 2016 година 48 проценти од компаниите очекуваат раст на прометот, повеќе од 40 проценти планираат нови вработувања, а над 30 проценти планираат да ги зголемат инвестиците.
На прашањето како го оценувате досегашниот развој на Македонија во однос на привлекување странски инвеститори, 46 проценти дале одговор „задоволителна“, 31 процент како „добра“, а 23 проценти како „незадоволителна“. Државните субвенции како фактор за инвеститорите, според Шлатл, се во средината по приоритет на факторите. Може да се заклучи, посочи, дека странските компании сметаат оти владините мерки за поттикнување странски инвеститори не се најважни.
- Поголемиот дел од австриските компании се попозитивни кога ја оценуваат сопствената компанија на сметка на нивната оценка за општата економска состојба. Околу една третина ја оценуваат економската состојба на сопствената компанија како добра и ние ова го сметаме како позитивен резултат. Компаниите се најпесимистични кога ја оценуваат општата економска состојба, потоа покажуваат малку повеќе оптимизам кога го оценуваат секторот во кој работат, а најмногу оптимизам кога ја оценуваат економската состојба на сопствената компанија, рече Шлатл.
Австрија е втор најголем инвеститор во Македонија, со директни инвестиции во вредност од 516,3 милиони евра во 2015 година. Во Македонија се основани повеќе од 50 компании со австриски капитал. Присутните инвеститори се активни претежно во секторот услуги.
Ново на Сител
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
