Македонија
11. April 2024 - 16:34

Политичките лидери различно гледаат на првата недела претседателска кампања

Каде исчезна Ковачевски од кампањата на Стево Пендаровски праша денеска опозицискиот лидер. Рече дека е шокиран од начинот на кој кандидатот на владејачката партија ја води својата кампања

Не исчезнав, туку работам според утврден план врати Ковачевски. Објасни дека во СДСМ имаат договор, на митинзите на Пендаровски да се појавува носителот на пратеничката листа во изборната единица каде што се движи кампањата на актуелниот претседател. За разлика од Мицкоски, лидерот на СДСМ позитивно гледа на првата недела од претседателската кампања

Денешните настапи на Ковачевски и Мицкоски се последни пред стартот на кампањата за парламентарните избори. ДИК до крајот на денот треба да ги официјализира пратнеичките листи на кои и двајцата се носители во единицата. Согласно законот, од тој момент па се до стартот на кампањата на 18 април, и Мицковски и Ковачевски не смеат да се појавуваат пред медиумите.