-->
-->
Половичен исход на младите македонски кошаркари во дуелите со Бугарија
-->
Младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, оствари половичен резултат во двата дуели против соодветната селекција на Бугарија, одиграни вчера и денеска во СЦ „Кале’’ во Скопје.
Откако македонските јуниори, вчера го добија првиот дуел со 69-53, попладнево избраниците на селекторот Малинков беа поразени во резултатски неизвесен натпревар со 67-70.
На денешната средба, најефикасни во редовите на црвено-жолтите со по 13 постигна поени беа капитенот Магдевски и Шалев, додека Ефремовски постигна 10 поени, а Петровски 8.
Веќе во понеделник тие ќе отпатуваат за Истанбул каде од 5 до 9 јули ќе настапат на силниот турнир на кој покрај домашната селекција на Турција, ќе играат и репрезентациите на: Србија, Литванија, Германија и Франција.
Јуниорите се подготвуваат за настап на ЕП во Б дивизијата кое ќе се игра во Хакида, Грција од 15 до 24 јули.
Македонија е во групата А, каде за конкуренти ќе ги има селекциите на Португалија, Црна Гора, Ерменија и Грузија, против кои ќе се бори за едно од првите две места кои носат пласман во осминафиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје
-
Денот на младоста - Празникот што ги обединуваше младите во поранешна Југославија
-
Денот на младоста - 25 мај одбележан во Кочани
-
Тема на денот со г. Пимен, митрополит европски