Полска ќе им забрани на државните службеници од пред 1989 година да работат како дипломати
Полската Влада подготвува предлог-измени во законот за дипломатска служба, чија цел е да бидат исклучени од соодветните структури службеници, кои работеле во Министерството за надворешни работи и други државни агенции во периодот пред 1989 година.
- Подготвените измени ќе овозможат да се избегне останувањето на работа и идно назначување на луѓе, кои соработувале со државниот апарат пред 1989 година, се наведува во соопштението на полското Министерство за надворешни работи.
Шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски нагласи дека во Министерството се уште има неколку десетици службеници кои го завршиле своето високо образование на Московскиот државен универзитет за меѓународни односи и според него таа состојба треба да се измени.
- Во изминатите 28 години израсна нова генерација Полјаци. Дојде време тие луѓе, кои не го носат бремето од минатото, да ја претставуваат Полска во светот, смета Министерството за надворешни работи во Варшава.
Ново на Сител
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ