Полска подготвена да добие казна од ЕУ, но нема да прими бегалци на своја територија
Полската Влада е подготвена да прифати казна од Европската Унија поради откажувањето да прими бегалци, но никогаш нема да се согласи на процедурата за преселување мигранити на територијата на земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Мариуш Блашчак, цитиран од ТАСС.
-Се сеќавам што се случи во Западна Европа, се сеќавам на атентатите. Се сеќавам дека се почна со релативно мал број на муслимански групи кои сега станаа многубројни, кажа Блашчак во интервју за полското државно радио.
На овој начин тој ја искоментара вчерашната изјава на еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамополус, на состанокот на Европскиот Парламент во Стразбур. Аврамопулос предупреди дека Европската комисија ќе отвори казнена процедура против Полска и Унгарија доколку до крајот на јуни тие не ги исполнат обврските за прифаќање и сместување на бегалци, што е во согласност со договорот за квоти на ЕК.
Овие процедури може да доведат до судски случаи против земјите и наметнување парични казни.
Блашчак посочи дека принудното преселување на бегалци смао ќе ги влоши работите, затоа што шверцерите ќе ги прошират своите криминални активности, а тоа на ризик ќе ги изложи животите и здравјето на луѓето, кои се обидуваат да стигнат до Европа.
Кога стапи на функцијата, во 2015 година, полската Влада ја укина одлуката на предходниот владин кабинет, согласно која земјата презед еобврска да прими околу 10.000 бегалци, потсетуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?