-->
-->
Полскиот претседател Анджеј Дуда допатува во Скопје
-->
Полскиот претседателот Анджеј Дуда вечерва допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.
Претседателот Дуда на Аеродромот во Скопје беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Добредојде во Македонија за претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
Оваа посета преставува потврда на традиционалното пријателство меѓу Северна Макеоднија и Полска кое неодамна е засилено и со нашето сојузништво во НАТО. Особено ја цениме искрената поддршка за европската интеграција на нашата земја, преку кои го засилуваме нашите пријателски врски, напиша Османи на својот фесјбук профил по пречекот на Дуда.

Полскиот претседател утре ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила Водно од неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.
Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.
Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел Мериот.
Двајцата претседатели ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
