Тенис
16. September 2016 - 16:17

Полуфинале за Ѓорческа во Добрич

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во 1/2 финалето на фјучрсот во Добрич, Бугарија. Таа денеска во четвртфиналето за 64 минути ја победи Лаура Шедер од Германија. Третата носителка Ѓорческа победи со 6:2 и 6:2 во сетови.

Утре во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра против првата носителка Изабела Шиникова од Бугарија која со 6:4 и 6:2 денеска ја победи Кристина Ене од Романија.
Ѓорческа со Шиникова (први носителки) попладнево играат во полуфиналето на турнирот во двојки против Катерина Крамперова (Чешка) и Паола Ормаечеа (Аргентина).