Полуфинале за Зверев во Мајами
Познати се полуфиналните двојки на турнирот во Мајами.Германецот Александар Зверев е последниот полу-финалист на Мастерс турнирот во Мајамиоткако во четвртфиналето го победи Хрватот Борна Чориќ со 6:4, 6:4.
Зверев подобри ги користеше брејк шансите, а психички беше на повисоко ниво од противникот во клучните моменти, поради шти и стигна до победата. Чориќ во двата сета прв доаѓаше до брејк шанси, кои не ги искористи, што неговиот противник сурови ги казнуваше.
Противник на Зверев во полу-финалето ќе биде Пабло Карењо Буста. Шпанецот во трилер-меч што траеше два часа и 45 минути го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка со 6:4, 5:7, 7:6.
Првото полу-финале кај мажите ќе го одиграат вечерва (19 часот) Хуан Мартин дел Потро и Џон Изнер, а еден час по полноќ своето полу-финале ќе го започнат Зверев и Карењо Буста.
Ново на Сител
-
Пандов: Прекин ќе му биде издаден на секој затвореник кој ќе достави медицинска документација потпишана од специјалист
-
Полициските хеликоптери исфрлиле над 148 тони вода врз пожарите кај Старо Нагоричане и Брезница | ФОТО
-
Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање
-
Деветнаесетгодишно момче починало од струен удар
-
Лишени од слобода три лица - расчистено убиството во Дебреше
-
Пожар во беровската месност Безгашчево
-
Како јогата стана глобален феномен | Катерина Сековска | Личен развој | Sitel Podcast 054
-
Албанската полиција само во округот Скадар годинава уништила над 224 илјади стебла марихуана, денеска над 10 илјади