Свет
24. October 2020 - 11:00

Помпео: Азербејџан и Ерменија да се вратат на преговорите

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, денеска, од Крит, по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се осврна и на ситуацијата во Нагорно-Карабах, велејќи дека треба да запре насилството и колку е можно побргу да продолжат преговорите, јави дописничката на МИА од Атина.

Помпео рече дека на вчерашната средба сошефот на грчката дипломатија Никос Дендиас го споменале и конфликтот во Нагорно-Карабах.

-Двете страни треба да го запрат насилството и да работат со ко-претседавачите од групата Минск за да се вратат на суштински преговори колку е можно побргу, рече Помпео.