-->
-->
Помпео ќе ги подобрува односите САД – Кина
-->
Американскиот државен секретар Мајк Помпео неделава планира да се сретне со кинеска делегација во американска воена база на Хаваи, каде треба да разговараат за билатералните односи меѓу двете земји, кои се сериозно нарушени од почетокот на годинава.
Експертите наведуваат дека односите меѓу САД и Кина ја достигнаа најниската точка во последните неколку години, а кон средината на мај претседателот Доналд Трамп отиде до таму што најави дека може дури и да ги прекине врските со Пекинг. Покрај засиленото стратешко ривалство, двете водечки економии во светот во последните месеци се во затегнати односи поради пандемијата на коронавирусот и новиот Закон за безбедност во Хонг Конг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, задржан во полициска стани
-

Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија
-

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ
-

Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
