-->
-->
Попко: Најжесток напад врз Киев годинава
-->
Директорот градската воена управа на Киев, Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана издржала најинтензивниот руски напад врз главниот град.
– Нашиот град нема доживеано таков интензитет на напади од почетокот на оваа година! Агресорот синоќа изврши уште еден голем воздушен напад врз главниот град, напиша на Телеграм, Попко.
Тој додаде дека сите руски ракети и беспилотни летала биле уништени од украинските сили за противвоздушна одбрана во воздушниот простор на Киев.
Попко тврди дека руските сили го нападнаа Киев со „бараж муниција и ракети од типот Шахед, најверојатно балистички“, а во нападите нема цивилни жртви или оштетувања на станбени згради и инфраструктурата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи
-
Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата
-
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација - Скопје утре ќе работат до 15:30 часот, понеделник е неработен ден
-
Папата Франциск нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан
-
Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите