Македонија
11. August 2021 - 12:02

Попладне локален дожд и ветер, од утре повторно топло

Преодна дестабилизација на времето се очекува попладне за кога синоптичарите најавуваат локален пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на невреме со град и силен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 31 до 39 степени, а УВ индексот ќе биде 8.

Од утре повторно следува стабилно и топло време. Температурите ќе бидат просечни за овој
период од годината. До сабота ќе дува повремено засилен северен ветер, а од почетокот на
идната недела ветерот ќе го промени правецот во југозападен ветер.