Попладне на југоистокот пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, а попладне во југоисточните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 28 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во источните делови.
Во недела ќе преовладува сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник.
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ