Македонија
6. јуни 2019 - 11:01

Попладневна дружба „Почни со Водно“

Планинарското друштво „I love hiking“ по повод седмиот роденден, попладне организира прошетка и дружба „Почни со Водно“. Збирното место е пред основното училиште „Кочо Рацин“.

На настанот е предевидено да се придружат и велосипедисти, а на Водно дружбата ќе продолжи со ди-џеј Метс.

Од друштвото предупредуваат да се почитуваат правилата и насоките на организаторот и водичите. Наведените планинарски акции се организирани и движењето, како што велат, се одвива во група предводена од организаторот и водичите.