Македонија
3. February 2018 - 21:39

Поплавен патот Тетово - Јажинце, сообраќајот по една коловозна летна

Поради големите врнежи дожд, околу 20:00 часот во с.Доброште кај Tетово, водата од реката Поника се излеала на главниот пат Тетово - Јажинце.

Како што соопшти АМСМ, поради излеаната вода, сообраќајот на овој патен правец се одвива по едната коловозна лента.