Поплави во Босна и Херцеговина
Реката Дрина се изли на подрачјето на босанскиот град Бијелина, поплавувајќи некои незаштитени подрачја, но засега не претставува опасност за жителите, соопшти денеска Цивилната заштита на Република Српска.
Како што јави ФЕНА, водостојот на Дрина во 7:00 часот утрово изнесувал 530 сантиметри.
Цивилната заштита на српскиот ентитет инфорнира дека водостојот на реката Сава кај Градишка утрово во 7:00 часот изнесувал 770 сантиметри, што е за три сантиметри повеќе во однос на мерењето синоќа во 21:00 часот (767см).
Сава на ова подрачје се излила кај место Орубица каде се поплавени 12 објекти, меѓу кои нема станбени куќи..
Нивото на Сава во Србац пак утрово во 7:00 часот изнесувало 891 сантиметри, што е за шест сантиметри повеќе во однос на синоќа во 21:00 часот (885 см).
Во селото Бајинац поплавени се четири куќи, а регистрирана е и појава на подземни води.
Водостојот на останатите реки кои ги пратат хидролошките служби во БиХ се движи во границите на нормалата.
Ново на Сител
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење