Попоски-Хајндл: Македонски и европски интерес е надминување на кризата и посветеност на реформите

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски попладнево оствари средба со амбасадорот Јоханес Хајндл, личен претставник на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и германскиот амбасадор во Република Македонија Кристине Алтхаузер.
Амбасадорот Хајндл. како што соопшти МНР, информираше за неговиот мандат и очекувања од ангажманот во Република Македонија.
На средбата беа споделени очекувања дека напорите за надминување на политичката криза во државата остануваат фокусирани на исполнување на реформите со кои ќе се задржи препораката за водење на пристапни преговори со ЕУ, која Република Македонија прв пат ја доби од Европската комисија во 2009 година.
Министерот Попоски изрази благодарност за традиционалната поддршка која Германија, како членка на ЕУ, ја дава на Македонија во бројни области, вклучително и билатералната поддршка преку Германската амбасада во Скопје, како и сегашниот дипломатски ангажман на амбасадорот Хајндл. Воедно, министерот ја нагласи важноста политичката криза да биде надмината преку решенија кои се единствено поддржани од македонските институции, политички чинители и пред се граѓаните на Република Македонија, а чија воља се изразува на избори.
Соговорниците го нагласија македонскиот и европски интерес за надминување на тековната криза и посветеност на реформите што ќе обезбедат напредок и предвидливост, во земјата и во регионот, што е особено значајно и за Германија.
Ново на Сител
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
