Попоски на Форум „Еден појас, еден пат" во Пекинг

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на Форумот „Еден појас, еден пат", што се одржува во Пекинг, Народна Република Кина, соопшти МНР.
На Форумот, на кој учествуваат голем број шефови на држави и влади, се разговарало за перспективите и за идните активности во рамките на овој кинески мега-проект за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.
- Во рамките на Форумот, министерот Попоски имаше обраќање на панел-дискусијата насловена "Поврзаност на развојни политики и стратегии". Попоски истакна дека оваа иницијатива е одлично средство за промоција на транснационалната поврзаност, унапредување на трговската и инвестициската соработка, која, преку развојот, овозможува зајакнување на безбедноста, се вели во соопштението од МНР.
Тој нагласил дека Република Македонија која се наоѓа долж трасата на стариот „Пат на свилата" и е една од првите членки на Процесот 16+1, меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, ги препознава можностите и придобивките од оваа Иницијатива и ја гледа како мост за поврзување на трите континенти.
Министерот за надворешни работи Попоски се осврнал и на исклучително добрата соработка со НР Кина.
- Успешната реализација на досегашните проекти е најдобра гаранција и мотивација за продолжување на соработката. Во овој контекст, успешните приказни не само што треба да продолжат, туку треба да се унапредат на секој можен начин, истакнал Попоски.
На маргините на Форумот, шефот на македонската дипломатија остварил повеќе средби со свои колеги.
Ново на Сител
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
