Македонија
4. May 2016 - 9:16

Попоски на конферeнција за Западен Балкан во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на kонференција за Западен Балкан, насловена „Европската иднина на Западен Балкан“.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, теми на дискусија на Конференцијата се европската перспектива на Западниот Балкан, доброто владеење, миграциската криза, а ќе се разговара и за релевантни безбедносни прашања. 

Во рамки на kонференцијата, министерот Попоски ќе оствари повеќе билатерални средби.

Конференцијата е организирана од Европскaта народна партија, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“.