Попоски: Потребна е поголема координација и комуникација меѓу земјите од бегалската рута
Министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешните средби со колегите од земјите кои се дел од балканската бегалска рута, како и со американскиот помошник држвен секретар Викторија Нуланд, на маргините на Минхенската безбедносна конференција разговарал за потребата да не се преземаат индивидуални акции кои земјите можат да ги чини многу, туку да има поголема координација и комуникација.
- За нас како Македонија е многу значајно да ги задржиме добрите односи со нашите соседи. Ќе се обидеме да направиме се што можеме тоа да биде случај и во иднина. Се разбира, никој не може да се скрие зад својот сосед за незавршување на задачите на своја територија и ова е обврска на сите нас на оваа рута, изјави Попоски.
Тој, јави известувачот на МИА, додаде дека на средбите најголемо внимание посветиле на два аспекта кои, како што рече, можеби биле потценети во изминатиов период, а се од исклучително значење во делот на справување со овие предизвици.
- Едниот аспект е регионалната соработка. Тоа што може да се случи со еднострано преземање акции од определени земји кои се наоѓаат на оваа рута сигурно ќе има многу негативни консеквенци врз односите помеѓу земјите кои се соседи на оваа рута, нагласи Попоски.
Наш интерес е, како што посочи, преку отворена комуникација секој да може да си ги презема мерките во својот двор. – Потребна ни е една целокупна акција од сите земји кои се наоѓаат на оваа рута, но од друга страна, никој да не се труди да направи акции кои ќе бидат на штета на својот сосед, рече министерот.
Вториот аспект за кој разговарале е важноста во услови на ваква сериозна безбедносна и миграциска криза да не се нарушува стабилноста во ниту една од земјите кои се наоѓаат на оваа рута.
- Да не дозволиме внатрешната политика да може да ги наруши позициите на било која држава во поглед на справување со ова многу големо прашање кое е од глобални размери. Од тој аспект е битно да успееме да обезбедиме внатрешна стабилност и да не дозволиме било какви конфронтации на внатрешен план да ни ги нарушат позициите во услови во кои се соочуваме со закни од глобална важност и кои имаат многу голема тежина за тоа што ќе се случува во 2016 година, нагласи министерот Поповски.
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа