Македонија
21. November 2016 - 14:54

Попоски: Програмата е произлезена од потребите на граѓаните

Никола Попоски, носител на листата во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, денеска изјави дека изборната програма им е конкретна и произлегува од реалните потреби на граѓаните.

- Посветени сме, пред се, на потребите на граѓаните. Ние сме партија, коалиција, која е препознатлива по програмата. Овојпат таа е најразработена, најдетална, реална и произлегува од граѓаните и е направена за граѓаните, истакна Попоски во Скопје. 

Меѓу ветувањата во програмата кои ги наведе Попоски се зголемување на пензиите за вкупно 10,25 отсто, подобрување на условите во здравството, реконструкција на Градска општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, за што се предвидени 6 милиони евра.