Поповолна состојбата на деловните субјекти во преработувачката индустрија
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2015 година, според оценката на раководителите на деловните субјекти, е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на август 2014 година е зголемен за 6,8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2015, во однос на јули 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe намалени.
Економската состојба на деловните субјекти во август 2015 година е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на август 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2015 година изнесува 63,8 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството има недостигот на квалификувана работна сила со 25 отсто, недоволната домашна побарувачка со 24 отсто, недоволната странска побарувачка со 23,7 отсто и финансиските проблеми со 6,9 отсто.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници