Поповолна состојбата во преработувачката индустрија

Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во јуни во однос на мај годинава била поповолна, а многу поповолна споредено со јуни лани, оценуваат раководителите на фирмите, кои очекуваат зголемување на бројот на вработени.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, според оценката на раководителите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни во однос на мај годинава е зголемен за 0,8 проценти, а споредено со јуни лани за 5,6 проценти.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни во однос на мај е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во минатиот месец изнесува 64,6 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат: недоволната странска побарувачка со 23,7 проценти, недоволната домашна побарувачка со 16,6 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 14,1 процент и финансиските проблеми со 9,4 проценти.
Ново на Сител
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
-

Четири ленти и велосипедска патека, започнува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

Од Министерството за односи меѓу заедниците исчезнати 30 лаптопи, точено гориво без контрола, исплаќани плати без доказ за присуство
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
