Популарноста на Меркел опадна по нападите во Германија
Германската канцеларка Ангела Меркел значително ја изгуби популарноста, главно поради нејзината политика за бегалците, покажа анкетата која беше спроведена по нападите во Германија.
Анкетата на телевизија „АРД“ покажа дека 47 отсто од испитаниците изразиле задоволство за работата на Меркел, што е дури 12 проценти помалку во однос на поддршката која канцеларката ја имаше во јули.
Ова е втор најлош резултат на Меркел, откако во 2013 е повторно избрана на функцијата канцелар на државата, а најлош резултат е забележан во февруари годинава, кога само 46 отсто од испитанците изразија задоволство од Меркел.
Во најновата анкета, само 34 проценти од испитаниците се изјаснија дека се задоволни или многу задоволни со владината политика на „отворени врати“ за бегалците.
Ова е најмал процент откако е во прашање поддршката за миграциската политика, кое од октомври е вметанто во месечната анкета на телевизија „АРД“.
Дури 65 отсто од испитаниците изразија незадоволство од миграциската политика.
Од друга страна, популарноста на конзервативниот премиер на Баварија и остриот критичар на бегалската политика на Владата во Берлин, Хорст Зехофера, порасна дури за 11 проценти на 44 отсто.
Ново на Сител
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз