Македонија
20. January 2024 - 10:14

Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа без струја делови од Битола, Куманово и Ѓорче Петров

Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија се делови од Куманово, Битола и скопската општина Ѓорче Петров. 

Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија информира дека без струја се дел од централното градско подрачје во Битола и Домот на култура, како и Долно Оризари и Карамани, додека во скопската општина Ѓорче Петров без струја се дел од Новоселски пат, дел од Волково, Орман и Никиштани. 

Во општина Куманово без струја утринава се Деловце, Длабочица, Драгоманце, Жеглане, Малотино, Осиче, Арбанашко, Кокино и Буковјане.