-->
-->
Поради градежни работи сообраќајот Делчево-Бигла-Виница со времен режим
-->

Поради изведување градежни работи, сообраќајот на регионалниот пат од Виница преку село Бигла до Делчево oд денес е со привремен режим на движење на возилата. Причината за ваквата измена на сообраќајниот режим како што велат од „Македонијапат" е реконструкцијата на дел од патната мрежа која е означена како П-2345.
Во врска со оваа измена на сообраќајниот режим од „Македонијапат" ги известуваат граѓаните од овој регион да ги користат алтернативните сообраќајници.
- Од 1 октомври 2018 година поради изведување градежни работи, сообраќајот на регионален пат П-2345, Виница – с.Бигла – Делчево помеѓу ќе биде со привремен режим. Додека траат градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Причината за ваквата измена на сообраќајниот режим е реконструкцијата на дел од патната мрежа со градежно асфалтерски работи, велат од АД „Македонијапат“ подружница Штип.
Досега со реконструкција на патниот правец од Делчево преку село Бигла до Виница се асфалтирани околу 2,5 км од делчевска страна на патот, а во тек се градежните работи за асфалтирање на делот кој потпаѓа под општина Виница ќе биде пренасочен и ќе се одвива по алтернативни улици и правци, велат од АМСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
-

Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
-

Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
