Поради колежот на Курбан Бајрам реки крв течат по улиците
Властите во Дака означија места каде може да се принесуваат жртви, меѓутоа дождот го спречи масовното собирање на тие места, поради што верниците мораа да „импровизираат“.
Ритуалното жртвување на животни за муслиманскиот празник Курбан-бајрам во комбинација со обилните врнежи ги претвори улиците на престолнината на Бангладеш во реки крв,.
Курбан - бајрам во муслиманската култура е настан кој трае 4 дена и е врзан за обредот Хаџа, кој е еден од петте основни должности на муслиманите. За време на Курбан -Бајрам се коли курбан (овен) и се дели на сиромашните, соседите и роднините според утврдените правила: третина за сиромашните, третина за пријателите и соседите и третина за семејството.
Ако некој има големо семејство може сето да го задржи за себе но може и да го подели курбанското месо. Задржувањето на сето за себе не е во духот на помагањето, меѓутоа е оставено олеснување за оние кои издржуваат големо семејство и немаат доволно средства за тоа, а сепак сакале да ја испочитуваат оваа должност.
Бидејќи граѓаните на Дака колеле животни на паркинзите и во тесните учички, годинешниот Курбан Бајрам ќе остане запаметен по навистина крвавите сцени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Затворена зоолошката во Скопје, потврден е „птичји грип“
-
Перински: Ќе се кандидирам за градоначалник на Скопје, ако анкетите покажат рејтинг
-
Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
-
Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните
-
Перински: Незаконски е општини да ја финансираат Албанската академија
-
Костадинов: Водата во Струмица е исправна - се чека потврда од ИЈЗ
-
Пациентите со рак на дојка бараат лекови на позитивната листа, подобрување на скринингот и нови протоколи