-->
-->
Поради компликации со Ковид-19 почина Зоран Џорлев
-->
Почина Зоран Џорлев еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач и професор.
Џорлев според информации од неговото семејство извесно време се лекувал од корона вирус, но за жал неговиот организам не успеал да се избори со болеста.
Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година каде го поминал детството.
Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар.
Џорлев во 1989 година дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност.
Работел како професор по виолина, а беше и директор на „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на Ансламблот за народни игри и песни „Танец“ каде остана на раководната функција до август 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски