Македонија
31. December 2022 - 12:27

Поради магла намалена видливост на патот Тетово – Попова Шапка

 – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.