Македонија
14. July 2017 - 14:10

Поради неговиот пасош се крена узбуна на скопскиот аеродром

Вчера утро во 05,50 часот на Граничен премин Аеродром,,Александар Велики“- Скопје на излез од Република Македонија, поради основано сомнение за „Фалсификувана патна исправа“, од страна на полициски службеници приведен е Д.В. (26) од Грција за кого, по дополнително утврдувања на идентитетот е констатирано дека се работи за Ќ.Р. (26) од Албанија.
 
Во 07.00  часот лицето и патната исправа со Потврда за предавање на лице се предадени полициски службеници за понатамошна постапка.