Македонија
24. February 2026 - 9:20

Поради одрон сообраќајот на дел од патот Катланово-Велес се одвива по една лента

АМСМ соопшти дека изутринава од 08.40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километри после БП „Детоил“ сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри.

Екипите на ЈП „Македонијапат“ се на терен и работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

 

МИА