Поради препишан лек лицето и скапуваше: Исповед на жена која страдала од алергија
Ова е жртвата. Мфо Боадиа е името на жената која претрпе ужасна реакција на лекот кој докторот и го препиша.
Негативната реакција на лек е честа, но не е воопшто ни слична на ова!
Докторот и препишал антидепресиви. Нејзиното тело реагирало на лекот на таков начин што нејзината кожа почнала да добива пликови и да ја пече како да е заробена во куќа зафатена од пожар.
Била на одделението за интензивна нега и боледувала од редок вид на алергија на лек. Реакцијата која личела на изгореници и го прекрила лицето и телото.
Нејзината состојба била толку сериозна што многумина мислеле дека нема да преживее. Свештеникот бил убеден дека не и останало многу од животот и дошол да ја исповеда на смртната постела.
2013. година страдала од депресија и од пост трауматско пореметување. Ова се случило по смртта на нејзин близок пријател во 2010 година.
Само неколку недели по конзумирањето на лекот, таа почнала да ги забележува проблемите на кожата. Не поминало многу време, осипот се проширил по целото лице и тело.
По посети на многу болници и лекари и кажале дека состојбата и е предизвикана од претерана реакција на имунолошкиот систем на лекарствата.
Во многу случаи ваквата реакција е фатална.
Сите мислеле дека тука е нејзиниот крај. Семејството било предупредено. Но како што таа тогаш рекла „се договорила со Господ“ и и успеало. Нејзиниот иминулошки ситем почнал да се поправа. Во април 2013 година е пуштена од болница. Денеска таа е здрава и вели дека тоа искуство ја направило подобра личност.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно