Поради рестриктивните мерки намален бројот на баратели на азил во Европа
Рестриктивните мерки воведени како резултат на епидемијата на новиот коронавирус го намалија бројот на баратели на азил во Европа, но пандемијата може да предизвика повеќе пристигнувања во иднина ако се влоши ситуацијата на Блискиот исток и Северна Африка, објави денеска Агенцијата за азил на Европската унија (ЕАСО).
Со суспендирање на глобалното патување, како што објави ЕАСО, во март, европскиот блок регистрира околу половина помалку баратели на азил во однос на февруари.
Агенцијата за границите на европскиот блок исто така соопшти дека нелегалните премини кон Европа се преполовиле од февруари до март.
Сепак, ЕАСО нагласува дека ширењето на коронавирусот на Блискиот исток и Северна Африка може да предизвика недостаток на храна, дестабилизирање на безбедноста и зајакнување на екстремистичките групи како ИД.
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице