Балкан
28. March 2022 - 11:58

Поради санкциите воведени против Русија сите вработени во „Аерофлот“ Хрватска добија отказ

Поради санкциите воведени против Русија, вработени во руската национална авиокомпанија „Аерофлот Ерлајнз“ во Хрватска добија отказ. Последниот лет на компанијата меѓу Загреб и Москва беше на 27 февруари.

По тој датум сите летови беа откажани, а сега и сите вработени во компанијата добија отказ, пишува порталот „Croatian Aviation“.

Според порталот „Индекс“, „Аерофлот“ во Хрватска има две филијали што работеа дури и за време на пандемијата од коронавирусот.

Се наведува дека пред украинската криза, руската авиокомпанија во Хрватска бележеше одлични резултати на летот Загреб – Москва.