Македонија
13. January 2016 - 8:37

Поради снегот, забрана за камиони на правците Гостивар - Кичево и крак Маврово - Дебар

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Кичево, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

АМСМ информираше и дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози.  Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и Ѓавато кој не се задржува на коловоз.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.