Поради снежно невреме откажани над 115 летови на лондонскиот аеродром „Хитроу“
- Повеќе од 115 летови, кои пристигнуваат и полетуваат од лондонскиот аеродром „Хитроу“, денеска се откажани породи лошите временски услови во Велика Британија.
Поради невремето се откажани и спортските настани кои се предвидени за викендот.
Откажаните летови се главно дестинации на кратка релација, но истата мерка се однесува и за авио-врските со Њујорк и Чикаго, соопшти портпарол на аеродромот.
Метеоролошката служба на Велика Британија објави портокалово предупредување за снежни врнежи во повеќе реони на Англија денеска од 16 часот по средноевропско време до утре во девет часот.
За поголемиот дел од британската територија е објавено жолто предупредување за појава на силни ветрови, снег и студ во текот на викендот, а температурата се очекува да достигне и до минус осум степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани